Изложба на сликарот Новица Трајковски во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ во Скопје, утре  ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски.

Познатиот уметник ќе се претстави со триесеттина дела создадени во последниве некоку години. За оваа пригода, книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, подготви каталог за творештвото на Трајковски.

Изложбата ќе ја отвори писателот Ефтим Клетников. Со оваа изложба, Матица македонска ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.

Во овој престижен салон во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Геогиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски и скулпторот Илија Аџиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.