Магазин

Изложба на стрипови во НУБ „Св. Климент Охридски”

Изложба на стрипови во НУБ „Св. Климент Охридски”

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски-Скопје и издавачката куќа „Стрип Квадрат“ ве водат низ  изложбата „Деветтата димензија” што ќе ја претстави македонската стрип сцена.

Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори, a исто така, ќе можете да се потсетите на уникатните „Мак стрип“ изданија и голем број други стрип списанија кои НУБ ги има сочувано во своите фондови.
Изложбата ќе ја отвори д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ –Скопје. Настанот ќе се одржи на утре, во 18 часот, во холот на НУБ.