Изложба на Викториа Георгиева во „Робевци“ во Охрид

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ в петок во 20 часот во Галерија и музеј „Робевци“ во Охрид, ќе биде отворена изложба на слики „Приказни од мојата планета“ од Викториа Георгиева.

Приказни од мојата планета е трета самостојна изложба на Викториа Георгиева, позната под псевдонимот MOUSE, која вклучува шеснаесет дела кои се создадени во последните две години, додека живее во Шпанија и Бугарија. Нејзините слики се полни со фантазии и соништа, со свет населен со чудни суштества и други пејсажи. Шеснаесетте платна се шеснаесет приватни фантазии.

Во моментов Викторија Георгиева живее во Варна, Бугарија, каде што има уметничка работилница за деца „Азбука на имагинацијата“.

Изложбата ќе трае 2 седмици.