Изложба на Владимир Темков

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, на 28 јануари, среда во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики од академскиот сликар Владимир Темков.

Изложбата ќе ја отворат писателите Веле Смилевски и Ефтим Клетников.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности во Скопје. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2001 година.

Автор е на над 60 самостојни изложби во земјава и во странство (Франција, САД, Хрватска, Бугарија…), учесник е на бројни групни постановки и колонии. За своето творештво добитник е на повеќе награди и признанија.
На изложбата ќе се претстави со 44 дела.

Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов,Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, и скулпторот Илија Аџиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.