Изложба на Живка Коцева Караџовска во Домот на култура „Илинден”

Во домот на култура „Илинден” во општина Илинден, во следните две недели ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Живка Коцева Караџовска. Изложени се околу 30 дела кои  се дел од нејзиното творештво, за кое свое излагање имаше академскиот уметник Новица Трајковски.

На отворањето на премиерата беше претставен и портрет на Никола Тесла, а исто така премиерно беше прикажана и композиција со видео спот посветени на големиот научник. Ова е прва композиција од албумот за класична музика кој се подготвува во негова чест и има добиено највисоки оценки од порталот „Beat 100” кој ги оценува музичките композиции и видео спотови. Станува збор за меѓународен проект кој е покренат од страна на продуцентот Зоран Шкугор

Коцева Караџовска е уметник кој со сликарство активно се занимава од 2004 година и до сега има одржано повеќе групни и самостојни изложби во земјава и во странство, како и на интернационални изложби од хуманитарен карактер. Нејзини дела се застапени и нa повеќе интернет страници од интернационален карактер, корици на каталози, списанија за уметност, илустрации во книги каде се рангира со највисоки оценки.

SAM_8304

SAM_8311