Магазин

Изложба по повод 52 години од потпишувањето на Елисејскиот договор

Изложба по повод 52 години од потпишувањето на Елисејскиот договор

По повод 52-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Германија и Франција во четврток од 19:00 часот во Чифте Амам ќе се одржи изложба под наслов„Диктатура и демократија во ерата на крајностите – Сеќавање и спомнување“   .

Изложбата дава преглед на еден век од европската историја. Таа го раскажува 20-тиот век како драматична приказна меѓу слободата и тиранијата, меѓу демократијата и диктатурата.

Плакатите се на германски јазик, брошурите на француски, албански и македонски јазик. Фотографиите потекнуваат од многу европски архиви.

Со потпишувањето на Елисејскиот договор тогашната Сојузна Република Германија и Република Франција го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 52 години.