Изложба СТАВ на студентите по Архитектура

Изложба СТАВ, дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонски
Факултет – Скопје ќе биде отворена на 10 Јуни 2014 во 20.30 часот во Младинскиот Културен Центар (МКЦ).

Покровители на оваа изложба е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) кои се најголемата професионална архитектонска организација кај нас и кои секогаш ги препознаваат настаните кои ја туркаат архитектурата напред и кои носат свежи и нови идеи во нашата земја.

„На оваа изложба сакаме да ги промовираме нашите проекти кои имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети.Затоа сакаме тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти.Нашата генерација има дипломски проекти од различен карактер и за различна намена и гледајќи ги оценките со кои беа оценети од Архитектонскиот факултет слободно можеме да кажеме дека вечервави прикажуваме многу квалитетни проекти и дека од оваа генерација ќе има голем број успешни
архитекти, “ велат организаторите.