Изложба во Чифте амам на странски и домашни уметници

Во Чифте Амам, утре, во 20 часот ќе се отвори изложбата „Time collectors project“, меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Владимир Симоновски (Македонија), Владо Ѓорески (Македонија) и група „Колегиум“ (Македонија).

Автори и куратори на изложбата се Биба Кајевиќ и Дејан Буѓевац, а нивната идеја е всушност прашањето кои се тие визуелни слоеви и поетски естетизации на сликата „време“, кои го „продлабочуваат“ нејзиниот линеарен, хронолошки, историски, психо-социјален, геополитички, економски и (пост)идеолошки карактер?

Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект…