Измамници проневериле 95.000 евра со фалсификување ДДВ пријави

Финансовата полиција откри три члена измамници кои преку фалсификувани ДДВ пријави заработиле 95 илјади евра од државниот буџет.

Организатор на групата е 34 годишен скопјанец кој ја основал фирмата ,,Кампери трејд доел“ а во која како управител и потписник на банкарската сметка  овластил лице од Скопје кое било социјален случај и преживувало со собирање на отпадоци. Преку оваа фирма првопријавениот во текот на 2013 со посредство на потписникот употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која покажале невистинити податоци за наводно извршени набавки на стоки и услуги. Ги довеле во заблуда службените лица на УЈП и противзаконски извршиле поврат на ддв во висина од 49 илјади евра. Основачот на фирмата на сиромашниот скопјанец му исплатил 90 000 денари, а другите пари ги задржал за себе.
Истата  шема, потоа  ја направил и со втората фирма ,,Салиов фешн груп“, каде што за потписник овластил 33 годишен скопјанец – и за оваа фирма пријавениот доставил фалсификувана ддв пријава преку која извлекле 46 илјади евра, иако фирмата немала буквално никаква деловна активност. На потписникот му исплатил само днвеница, а останатите пари пријавениот ги зел за себе.

Против трите лица финансовата полиција поднесе кривична пријава за „Измама“ , „Поттикнување“ и „Фалсификување и уништување на деловни книги“.