Македонија,Крими хроника

Измамник зел капар за огревни дрва кои потоа не ги доставил

Измамник зел капар за огревни дрва кои потоа не ги доставил
ЈП „Македонски шуми“ oбјави повик за набавка на дрва

Дваесет и четиригодишниот Н.Н. од Велес доби кривична пријава бидејќи во текот на изминативе два месеци изврпил „измама“ врз четири лица.

Тој прикажувајќи им лажни факти дека ќе им довезе огревно дрво, ги навел да му дадат вкупно 16.000 денари.

Измамите ги вршел на тој начин што претставувајќи се како вработен во склад за дрва во Велес, успевал од оштетените да наплати одредена сума пари како капар, за кои не им издавал никаков документ, со договор, остатокот да го исплатат по испораката на дрвата.