Измамникот Џамбо од Обрановац, парите ги трошел на гардероба

Слободан неделковиќ, попознат како Џамбо, признал на сослушувањето дека глумејќи жртва на поплавите во Обреновац, до луѓе и фирми зимал пари.

Неделковиќ вчера е сослушан пред обвинител, а денеска треба да биде изведен пред истражен судија.

„Признавам дека ја измислив целата приказна за исчезнувањето на сопругата и двегодишниот син. Бев очаен, живеев под кирија со двајца вујковци и баба. Ни самиот не знам како дојдов на таква идеја да измислам се’, но на таков начин сакав да добијам стан од државата. Нешто пари што добив ги потрошив на гардероба. Тие кои ме препознаваа од медиумитеми даваа пари на рака“, рекол Неделковиќ на сосолушувањето, кој во своето полициско досие веќе има кривични дела, како кражба и измама.

Утврдено е дека на сметка на Неделковиќ уплатено е 30.000 денари помош,  а се истражува колку вкупно пари добил и кој се’ донирал помош.

Дури после истрагата ќе биде одлучено за кое кривично дело Неделковќ ќе биде обвинет.

„Се сомневаме дека освен измама, тој учествувал и во кражби во поплавените станови и куќи во Обреновац. Меѓутоа, многу е тешко за тоа да се приберат докази, па веројатно ќе биде обвинет за измама, а точниот износ на хуманитарната помош дополнително ќе се утврдува. Обвинителот ќе разгледа дали ќе поднесе пријава поради ширење паника и страв, бидејќи користел измислена приказна и внесувал немир во државата злоупотребувајќи ги медиумите со лажно претставување. Нему му е продолжен притворот, а сите детали за обвинението ќе бидат изнесени пред истражниот судија“, велат за српски „Блиц“, од Министерството за правда на Србија.