Измени на раководни позиции во СВР Охрид

Заради потребите на Министерството за внатрешни работи направени се повеќе измени на раководните позиции во Секторот за внатрешни работи Охрид. На местото на досегашниот начелник на СВР Охрид Зоран Серафилиоски, за нов начелник времено е именуван Оливер Ефтимов досегашен виш советник во СВР Струмица во Одделение за деташирани работници при СВКПС.

Горанчо Наќевски, досегашен советник за јавен ред и мир и превенција во Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност при БЈБ на МВР, времено е распореден на работно место началник во Одделение за полиција при СВР Охрид, на местото од досегашниот начелник на оваа организациона единица Велко Спространов.

Исто така на местото на досегашниот начелник во Оддлението за криминалистичка полиција при СВР Охрид, Аце Вељаноски, именуван е Игор Смилевски досегашен главен инспектор – раководител во Отсекот за НТ со дрога и оружје на ОКП при СВР Охрид.

Именувани се и нови раководители на Отсеците за економски криминал, за општ криминал и за НТ со дрога и оружје.

За нов началник на ПС за БПС Охрид е именуван Рубинчо Џавероски досегашен помошник командир во ПС за БПС Охрид, а покрај ова направени се промени и во други раководни позиции при повеќе организациони единици во рамки на СВР Охрид.