Измените на законот за азил утре пред пратениците

Во Собранието на Република Македонија  утре ќе се оддржи 56-тата пленарна сеница со еднинствена точка на дневен ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, актуелната состојба и околностите кои бараат брзо постапување ја наметнаа потребата за свикување на оваа посебна седница со единствена точка на дневен ред, а со цел брзо донесување на предложените законски измени.