Измените на Законот за минимална плата пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба да почне нова 47. седница.

На дневен ред се предлог закони за измени и дополнувања на Законот за библиотеки, Законот за музеите, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и Законот за лековите и медицинските помагала, сите во прво читање.

По скратена постапка пред пратениците се  Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија.

Во второ читање пратениците ќе ги разгледаат Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје  и дополнети предлог закони за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.