Измина рокот на Полска да и одговори на Европската Комисија

Првиот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс изјави вчера дека Полска имала рок до крајот на денот да го испрати одговорот на препораките на ЕК во врска со спорните реформи во правосудството, кои Комисијата тогаш ќе ги анализира и за нив ќе расправа наредниот месец.

ЕК во декември лани по прв пат во историјата предложи активирање на членот 7 од Лисабонскиот договор, кој предвидува можност да и се одземе правото на глас.

Комисијата ја обвинува Полска дека со своите реформи го ставила правосудството под политичка контрола.
Полската Влада на 8 март во Брисел ја предаде Белата книга, документ на 94 страници, во кој ги објаснува спорните реформи, а поради кои им се заканува најстрогата казна.

Тимерманс рекол дека министрите за надворешни и европски работи на земјите членки се согласиле дека Белата книга не е одговор на препораките на ЕК, туку дека во неа се објаснуваат главно полските ставови.

-Секоја земја има право да го реформира правосудството, но ако тоа значи ставање на истото под политичка контрола тогаш имаме проблем бидејчи независноста на правосудството е клучно за успешно спроведување ба европското право- рекол Тимерманс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.