Изминатава недела на „Ало докторе“ регистрирани 1231 повици

повици

Над 1200  повици  во изминатите седум  дена  од  13.02.2017 до  19.02.2017 година за медицински совет.

Линијата е  достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Персонал од 25  доктори вкупно се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптомна болка.