Изминатиот викенд 29 сообраќајки во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 29 сообраќајни незгоди.

Во петокот (18 декември) сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и шест патници во автобус.

Сообраќајната полиција во саботата (19 декември) извршила увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден  возач на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Се случиле и две незгоди со последица телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Во изминативе три дена сообраќајната полиција открила и санкционирала 92 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 25 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 17 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 103 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска започнува со едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и други психотропни супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ на кои ќе присуствуваат учениците од трета и четврта година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.