недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Изминатите 24 часа не се издадени потврди за азил

Изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање право на азил, ниту се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за право на азил.

migranti

Поврзани вести

Изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање право на азил, ниту се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за право на азил.

Според МВР, од 1 јануари 2016 до вчера се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 машки, 19.617 женски и 34.399 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 226 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија, 44.734, Авганистан, 26.546, и Ирак 18.337.

Во истиот период, до Секторот за азил, барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Најчитани вести