Изминатите три години во ЕУ влегле 118.000 албански азиланти, депортирани 101.000

Официјалната статистика потврдува дека албанските граѓани продолжуваат да емигрираат со висока стапка кон земјите од ЕУ.

Според Евростат во изминатите три години,односно периодот 2014 до 2016 година, во некоја од земјите на ЕУ влегле над 118.000 нелегални емигранти од Албанија. Поголемиот број од нив или 101.000 биле депортирани, процес кој продолжува и во 2017 година.

Европскиот институт за статистика Евростат, во извештајот наведува дека само минатата година се депортирани 42.600 албански граѓани и оти тие ја предводат листата на депортирани граѓани од земјите на ЕУ со голема разлика од другите држави.

Во текот на 2016 година,земјите на ЕУ депортирале вкупно 226 илјади нелегални емигранти,што е најголем број по оној во 2008, од кога Евростат почна да ја објавува статистика за влез и излез на емигранти,пр што секој петти бил албански државјанин, јавуваат албански медиуми.

По албанските граѓани, на второ место се емигрантите од Украина со 22.600 депортирани, додека од балканските земји на четврто место е Косово со над 13.000 депортирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.