Изминатото деноноќие 16 сообраќајки во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје во текот на изминатите 24 часа извршила увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

Од нив, 12 се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци.

Во една несреќа има тешко повреден возач на патничко моторно возило.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафорот и пет возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 33 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.