Крими хроника

Изнајмил „ферари“ да се прошета по родниот крај – Наместо восхит, заработи кривична

Изнајмил „ферари“ да се прошета по родниот крај – Наместо восхит, заработи кривична
Гастрбајтер изнајмил „ферари“ да се прошета по родниот крај - Наместо восхит, заработи кривична

Т.Ц.(25) од Македонска Каменица доби кривична прјава поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „затајување“, бидејќи со изнајмено „ферари“ од Швајцрија дошол во Македонија, иако немал право на тоа.

Имено, на 31 јули 2015 година пријавениот од компанија во Швајцарија на користење  изнајмил „ферари“ со која склучил Договор за изнајмување на возилото од 31.07. – 10.08.2015 година и според договорот возилото требало да го управува  на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија, но спротивно на договорот пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија.

Со кривичното дело пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.