Израел ги повлекува трупите, но продолжува со воздушни напади

Израел започна со повлекување на дел од своите копнени трупи од појасот Газа, но продолжи со воздушни напиди во кои досега погинаа најмалку 9 Палестинци.

Неименуван воен портпарол изјави дека поголемиот дел од борбените трупи на територијата на Израел се вратиле утрово.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека синоќа ја преиспитувале својата операција за рушењето на воениот тунел на Хамас кој е под границата.

Во меѓувреме делегација на Хамас допатувала во престолнината на Египет, Каиро, на индиректни преговори за прекин на огнот кои ги посредуваат египетски и американски службеници.

Израел, претходно најави дека нема да присуствува, обвинувајжи ги припадниците н а Хамас дека ги доведуваат до заблуда меѓународните посредници.

Примирјето за кое посредуваа САД и Обединетите Нации е прекинато на 1 август, а вината за тоа израелската и палестинската страна си ја префрлуваат еден на друг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.