Израел го прекинува хуманитарното примирје

Израел го прекинува хуманитарното примирје и ги обновува операциите во Појасот Газа, како одговор на постојаните ракетни напади од страна на Хамас.

– По постојаните ракетни напади на Хамас за време на хуманитарното примирје, кое беше воведено за цивилното население на Газа, армијата ќе ги обнови нападите од воздух, море и копно во Појасот Газа, се истакнува во соопштението од израелското Министерство за одбрана.