Израел го прифати примирјето, Хамас го отфрла

Израел го прифатил египетскиот предлог за прекин на огнот во појасот Газа. Кабинетеот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го прифаќа предлогот кој стапил на сила утринава, а кој палестинаксата страна го отфрлила.

Египет синоќа повикал да се сопрат судирите во појасот Газа и предложил на Израелците и Палестинците да воспостават  примирје кое би требало да стапи на сила утринава во 06.00 часот.

Прекинот на огнот без договор е исклучен. Кога е војна, не се прекинува огнот без да се преговара“, рекол портпаролот на Хамас.

Вооруженото крило на Хамас бара прекин на бомбардирањето, крај на израелската блокада на Газа која трае од 2006 година, отварање на граничен пункт кон Египет и ослободување на затворениците според поранешниот договор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свикал состанок на владата за се разгледа предогот на Каиро.

Египетските власти ја објавиле својата иницијатива за примирје непосредно пред состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите на Арапската лига во Каиро.

Состанокот се одржува по итна постапка заради израелската офанзива во која во текот на седум денови настрадале повеќе од 180 Палестинци во појасот Газа, а ранети се 1300 луѓе.