Израел и Хамас договориле примирје за да спречат разгорување на судирот

Израел и исламистичката палестинска организација Хамас, којашто владее со енклавата Појасот Газа, договориле во четвртокот примерје за да спречат разгорување на борбите преку границата, соопштиле за Reuters два палестински извора.

Израелските власти засега не кажале ништо во врска со овие инфорации. Еден полестински извор, запознаен со прегооворите за прекин на огнот во кои посредува Египет, рекол дека примирјето ќе започне во 22,45 часот по локално време.

Израелските борбени авиони погодиле повеќче од 150 цели на Хамас во Појасот Газа ноќта кон четвртокот и во четвртокот, а палестинските милитанти истрелале стотици проектили, вклуќително и со долг дострел, длабоко на израелска територија.