Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот

Израел и Хамас го прифатија египетскиот предлог за прекин на огнот. Примирјето ќе стапи во сила в петок во шест часот изутрина по локално време.

Со тоа се става крај на десетдневната израелска операција во Посот Газа.

Официјална потврда за договорот засега нема ниту од Хамас, ниту од израелската Влада.