Израел испука ракети во јужниот дел на Либан

Тринаесет ракети, истрелани од Израел паднаа во земјоделска област во јужниот дел на Либан во близина на границата меѓу двете земји, изјави извор од либанската служба за безбедност, пишува МИА.

Ракетите паднаа во близина на селото Вазани.

Претходно денеска противтеноквска ракета беше истрелана врз израелско воено возило, во близина на границата со Либан, изјави портпаролот на израелската армија.

Израелската телевизија Канал 2 соопшти дека возилото било погодено, но засега нема информации за евентуални жртви.