Израел изврши воздушни напади врз Сирија

Израелската армија извршила воздушни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор за прекуграничниот напад во кој загина едно дете.

Извршен е напад врз девет цели и сите се директно погодени, стои во соопштението на израелската армија.

– Вчерашниот напад беше непредизвикан чин на агресија против Израел и претставува директно продолжување на последните напади во областа. Израел нема да толерира каков бил обид за кршење на израелскиот суверенитет и ќе дејствува со цел да ги заштити цивилите на Израел, изјави портпаролот на изралеската армија полковник Петер Лернер.

Во близина на сириската граница на Голанската Висорамнина вчера експлодира едно возило при што загина 15-годишно момче, а неговиот татко е повреден. По инцидентот израелските тенкови отворија оган врз Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.