Свет

Израел ја продолжува оградата за да се заштити од бегалците

Израел ја продолжува оградата за да се заштити од бегалците
Израел ја продолжува оградата за да се заштити од бегалците

Изрел ќе гради ограда долга 30 километри на границата со Египет, која ќе биде продолжение на веќе постоечката ограда долга 240 километри.

Премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, изјави дека изградбата е започната, бидејќи, како што рече тој, не смее да се дозволи Израел да биде преплавен со нелегални мигранти и терористи.

Израел не е индиферентен кон човечката трагедија на сириските и авганистанските бегалци, но Израел е многу мала земја, без демографска или географска длабочина. Затоа мораме да си ги контролираме границите, вели Нетанјаху.

Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, побара од Израел да им дозволи на Палестинците од бегалските кампови во Сирија да ја преминат територијата за да стигнат до Палестина.

Колку што можеме подобро ќе ја обиколиме границата со софистицирано обезбедување и ограда која ќе ни овозможи да ги контролираме границите, истакна тој.

Официјалните податоци велат дека во Израел има околу 45.000 бегалци.