Израел ќе гради 500 домови за еврејски доселеници во Ерусалим

Комисија при Министерството за внатрешни работи на Израел одобри изградба на нови 500 домови за еврејски досленици во населбата Рамат Шломо во источен Ерусалим.

Претставник на Министерството за внатрешни работи, кој сакал да остане анонимен, изјави дека бројот на новите градби во Рамат Шломо, бил намален од првично планираниот, само поради еколошки причини.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џен Саки изјави дека ова одлука е во спротивност со обврските што ги презема Израел за постигнување мировен договор со Палестинците, кои бараат прекин на градежните активности на „окупираните палестински територии“.

Околу 500.000 Израелци живеат на Западниот Брег и во источен Ерусалим, заедно со околу 2,4 милиони Палестинци. Меѓународниот кривичен суд оцении дека населбите кои ќе бидат изгредени се нелагални, но Израел не се согласува со ова мислење.

Минатата недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да започне реализацијата на планот за изградба на домови во Рамат Шломо и на 400  блокови во населбата Хар Хома во источен Ерусалим.