Израел нов противник за македонските кадети на Европското првенство – Б дивизија

Кошаркарската кадетска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) денеска го игра вториот натпревар од Б групата од Европското првенство – Б дивизија што се игра во Софија, Бугарија.

Противник е селекцијата на Израел, која важи за најголем фаворит во групата за првото место.

Во првото коло Израел ја совлада Шкотска убедливо со 116:33, а Македонија беше поразен од Унгарија со 63:57.

На другите два натпревара од 2. коло играат  Унгарија – Англија и Република Ирска – Шкотска.
Почетокот на натпреварот е во 12:45 часот.