Израел одново нападна позиции на Хамас во појасот Газа

Израелската војска ги бомбардираше во понеделникот позициите на исламистичкото движење Хамас во појасот Газа, по ракетирањето од оваа палестинска енклава.

„Како одговор на ракетирањето тенков и авиони гаѓаа позиции на Хамас на југот од појасот Газа“, наведе“ израелската армија во соопштението без да прецизира каде ракетата паднала и дали има настрадани.

Во двата израелски воздушни напади во Газа во саботата, повторно како одговор на двете лансирања на ракети кон јужен Израел, убиени беа двајца Палестинци.

Ракетирањето следеше по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од минатата среда да го ефектуира законот за признавање на Ерусалим за израелска престолнина. Од тогаш илјадници Палестинци во источен Ерусалим, на Западниот брег (на реката Јордан) која исто така меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел со ткн Шестдневна војна од 1967 година палестинска територија и во Газа.

Демонстрантите притоа е судрија со израелските безбедносни сили при што палестински извори известија за четворица убиени и околу илјада повредени..

Американската одлука за признавање на Ерусалим за израелска престолнина и започнување на процесот на преместување на амбасадата на САД од Тел Авив, што може да потрае подолг период, покрена лавина негативни коментари, осуди и протести во арапскиот и муслиманскиот свет.