Израел погоден од ракета испукана од јужен Либан

Израелското воено радио соопштило дека две ракети паднале во подрачје северно од градот Кирјат Шмона. Ракетата била испукана од јужен Либан и  паднала денеска во северниот дел од Израел без да причини жртви или штети.

Едната паднала врз улица на која немало автомобили во време на нападот. Според армиски претставници цитирани од медиумот, тие напади не изгледаат дека се извршени од Хезболах која го контролира јужен Либан, пренесе „МИА“.

Се претпоставува дека сепак одговорна за ваквиот напад е мала палестинска организација која пружа поддршка на Хамас.