Израел потпиша договор за извоз на гас

Конзорциумот на компааните кои работат на развој на наоѓалишта на гас „Левијатан“ во Израел го потпиша првиот договор за извоз на гас.

Како што е наведено во официјалното соопштение на конзорциумот, купувач е „Палестина пуаер џенерејшн компани“ од Палестина.

Според условите на договорот, Палестина е подготвена да купи 4,75 милијарди кубни метри гас во вредност од 1,2 милијарда долари.

Испораката на горивото ќе се одвива 20 години и ќе започне од 2016-2017 година, кога пронаоѓалиштето ќе биде активирано. На Палестинците овој гас и е потребен за придвижување на електраната во близина на градот Џенин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.