Израел сака да ги обнови преговорите со Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави пред шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини дека би сакал да ги обнови преговорите со Палестинците, објави весникот Хаарец, објави МИА.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малки нагласи дека Нетанјаху се обидува „да го измами светот со својот безначаен говор“.

Главниот палестински преговарач потсетува на палестинскиот став за населбите истакнувајќи дека е јасно дека тие се нелегални и оти се дискусијата за новните граници е ирелевантна.

За време на неодамнешната посета на Могерини, Нетанјаху и се доверил дека цел му е постигнување на разбирање за границите на блокови на еврејски населби кои Израел би ги анектирал врз основа на мировен договор. Тој смета дека така би било појасно на кои делови од Западниот брег Израел би можел да продолжи да гради.

Нетанјаху како што наведува весникот, дал многу голема важност на состанокот со Могерини од минатата среда. Таа изразила намера да утврди дали се можни мировни преговори.

Нетанјаху е загрижен поради подготовките во Брисел да се воведат санкции како што се означување на производи од Западниот брег во продавници во ЕУ како и настојувањата на Франција да му претстави на СБ на ОН резолуција што ќе одреди принципи за решение за судирите меѓу двата народа.

Могерини во одговор не користела фраза за решение за две држави туку онаа што ја сака Израел – две држави за два народа, што е индиректно признавање на израелското барање да се признае држава на еврејскиот народ.

Тоа барање Палестинците неколкупати го одбија.