Израел се закани со одговор доколку Сирија го употреби С-300 против неговите авиони

Израел ќе изведе одмазнички удар доколку Сирија ги примени своите противавионски ракетни системи, кои може да ги добие од Русија, изјави министерот за одбрана Авигдор Либерман во интервју за израелскиот портал ynetnews.

Коментирајќи ја врска со медиумските информации за можноста на Сирија да ѝ бидат испорачани современите противвоздушни сустеми С-300, Либерман изразува увереност дека Москва не е заинтересиран за тензии Израел, и дава уверување дека Израел, исто така, не бара напрегнатост со Русија.

„За нас е важно дека оружјето коешто ги испорачува Русија во Сирија, нема да се користи против нас. Доколку тие бидат употребеи против нас, ние ќе дејствуваме против нив“, вели Либерман.

„Доколку некој стрела кон нас, ние ќе одговориме, без разлика дали таму има С-300, С-700 или нешто друго“, додава израелскиот министер за одбрана.

Потсетува дека во Сирија веќе има систими С-300 и понапредните С-400, кои се во составот на руската воена група во оваа земја. Либерман истакнува дека нивното присуство не ги ограничува операциите на возухопловните сили на Израел во соседната земја, и дава висока оцена за координајцијата со руските колеги за избегнување случаен судир или конфликтни ситуации.