Израел собори сириски авион

Ракета од типот „Патриот“ денеска собори сириски авион, кој навлегол во израелски воздушен простор, соопшти армијата на Израел.

– Пред неколку минути сириски авион навлезе во израелскиот воздушен простор. Израелските одбранбени сили го урнаа авионот со противвоздушен одбранбен систем „Патриот“. Околностите на инцидентот се испитуваат, се наведува во военото соопштение.

Израелското воено радио јави дека е урнато безпилотно летало над Голанската Висорамнина, која е под израелска контрола и каде учесници во сириската граѓансака војна повремено преминуваат преку границата. Радиото јавува дека е можно да се работи и за сириски воен авион.