Израел собори сириски воен авион

Израелските ракети собориле сириски воен авион, соопшти израелската армија.

Сирискиот авион „сухој“ навлегол во воздушниот простор на Израел повеќе од два километри, по што бил соборен од израелските ракети „патриот“, што е втор ваков инцидент по должината на границата за 30 години, пренесуваат агенциите.

Воената истрага идентификувала два проектили „Ш-21“, па Израел за прв пат го искористил својот противракетен систем со кој ги гаѓал двете сириски ракети.

Според уште непотврдени информации, сирискиот пилот загинал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.