Израел: Стотици лица се евакуирани поради шумски пожар

Стотици лица се евакуирани во северниот израелски град Хаифа и неговата околина поради тридневниот шумски пожар во Израел и на Западниот Брег.

Засега нема податоци за загинати лица, но десетици куќи се уништени или делумно оштетени.

Привремено е затворен автопатот што ги поврзува Ерусалим и Тел Авив.

Израелскиот министер за безбедност Гилад Ердан изјави дека изгледа половина од пожарите се подметнати.

Претставникот на полицијата Мики Розенфелд истакна дека засега истрагата не потврдила дали некој од пожарите е подметнат.

Израел побара воздушна поддршка за гаснење на пожарите од Хрватска, Кипар, Грција, Италија и Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.