Израел тврди дека нападот во Ерусалим не е поврзан со ИД

© AFP 2017 / Ahmad Rajabli

Израелската полицијата не пронашла никакви врски меѓу тројцата палестински напаѓачи кои во Ерусалим во петокот убија погранична израелската полицајка и радикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) којашто ја презема одговорноста за тој напад.

„Станува збор за локална ќелија. Во оваа фаза нема знаци дека станува збор за напад кој го наредила терористичката организација, ниту се најдени некакви врски со која и да е организација“, изјави портпаролката на израелската полиција Луба Симири.

И палестинското исламистичко движење Хамас негираше дека нападот го извела Исламската држава, туку тврди дека напаѓачите биле нивни припаднции.

„Тројца херојски маченици кои се погубени во ерусалимската операција немаат врски со Исламската држава, тие се поврзани со PFLP и Хамас“, напиша на Twitter претставникот на Хамас, Изат ел-Решик.

Двајца напаѓачи од Рамала, на возраст од 18 и 19 години, и третиот 30-годишник од Хеброн, изведоа во петокот истовремени напади врз припадниците на полицијата со огнено оружје и со ножеви во близина на Дамашката порта во Ерусалим и притоа убија израелска полицајка а уште еден полицаец беше ранет. Сите тројца се смртно беа застрелани од страна на израелските безбедносни сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.