Израелци хакирале меилови на светски лидери за „Кембриџ аналитика“

Израелски хакери на истражувачката компанија „Кембриџ аналитика“ наводно им дале информации од украдени меилови на двајца светски политичари, пишува „Гардијан“, кој ја откри аферата со украдените податоци од 50 милиони профили на Фејсбук, а која е во центарот на внимание на светската јавност.

„Кембриџ Ааналитика“ ги добила податоците од хакираните меилови на сегашниот претседател на Нигерија, Мухамаду Бухари и актуелниот премиер на Сент Китс и Невис, Тимоти Харис во време на предизборните кампањи во тие држави. Раководството на компанијата наводно го поттикнале користењето на податоците понудени од израелските хакери, а сега суспендираниот директор, Александар Никс, заедно со други високи функционери, им дале на вработените упатства како да работат со материјалите.

Според извештајот, „Кембриџ аналитика“ во 2015 година добила 2 милиони фунти од нигеријски милијардер за да ја подржат кампањата за реизбор на Гудлак Џонатан за претседател на Нигерија.

– Милијардерот беше во паника поради можноста од промена на ввласта во неговата земја и сакаше да потроши многу пари за да се увери дека тоа нема даа се случи- рекол за „Гардијан“, еден од свиркачите.

Тие со израелските агенти за сајбер безбедност се сретнале во своите канцеларии во лондон во 2015 година.
Хакерите наводно им донеле УСБ со хакираните лични меилови со приватни информацции меќу кои биле и историјата на болести на тогашниот опозиционерски лидер Бухари.

Вработените во компанијата биле вознемирени поради информациите прикажани на состанокот и кажале дека одбиле да ги искористат хакираните податоци во кампањата.
Истите хакери биле изнајмени во 2015 година и ги украле приватните податоците за Тимоти Харис во изборната кампања на Сент Китс и Невис.