Балкан

Израелец тргувал со човечки органи на Кипар

Израелец тргувал со човечки органи на Кипар

Израелец е уапсен на Кипар под обвинение дека тргувал со човечки органи.

По криминалецот кој бил поранешен фудбалер од „Хапоел Беер Шева“ трагале израелските власти, а на островот престојувал со фалсификуван пасош. Кипарските власти го уапсиле пред аеродромот во Ларнака.

Истрагата покажала дека Израелецот раководел со група која собирала млади момчиња од Коста Рика, кои биле убедувани да си ги продаваат бубрезите за цена која на црниот пазар варирала од пет илјади до 25 илјади долари.

Тој е осуден на четири месеци затвор во Кипар, а по истекот на казната ќе биде екстрадиран во Израел.