Израелска компанија ќе инвестира во кол-центар и други бизниси

Израелска компанија планира отворање спа центри во Нагоричане и Дојран, најави синоќа премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“.

Како што рече, преговорите за инвестирање со компаниите понекогаш траат долго, но овој случај не бил таков.

– Претставници на една израелска компанија, дојдоа кај мене на состанок во петок попладне. Имавме дискусија заедно со ресорните министри. Тие во Македонија дошле приватно и побараа контакт со нас. Рекоа дека имаат 50 милиони евра слободни. Веќе во понеделникот имаа одлука за отворање на кол-центар. Во вторник регистрираа фирма. Планираат отворање на спа центри во Нагоричане и Дојран и други бизниси, нагласи Груевски.

Израелската компанија ќе инвестира и во кол-центар, а планира и бизниси во други сфери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.