Израелската армија бара евакуација на Палестинците

Израелската армија побарала евакуација на повеќе од 100 илјади жители во Појасот Газа. Ваквите предупредувања станаа вообичаена пракса на израелската армија пред зголемување на воздушните напади.

По шестчасовна пауза израелската армија од синоќа ги обновила нападите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно предупредил дека војската ќе ја прошири и интензивира операцијата во Газа откако Хамас го одбил египетскиот предлог за примирје.

Израел во меѓувреме продолжил со бомбардирање, а од Појасот Газа биле истрелани десетина нови ракети врз израелска теритирија, при што загинал еден Израелец. Од друга страна пак, во изралеските воздушни напади биле убиени најмалку тројца Палестинци.

Со тоа бројот на жртви во осумдневните борби достигна 197 лица.

Одговорност за нападот презеде военото крило на Хамас, Бригадите Изедин ал Касим.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.