Израелската авијација ја бомбардираше Газа по ракетните напади

Израелските авиони ги бомбардираа во средата утрото позициите на исламистичкото палестинско движење Хамас, потврди портпаролот на израелската војска.

Воздушните удари беа одговор на ракетните напади на милитантите во вторникот вечерта, кои предизвикаа тревоги во округот Хоф Ашкелон на југот од Израел.

Претходните напади од Газа не ја достигнаа израелската територија Палестинските медиуми јавуваат дека ракетте паднале на ничија земја во пограничниот појас.

Портпаролот на израелската армија, исто така, потврди дека израелските безбедносни сили го уапсиле Хасан Јусеф, високопозициониран член на радикалното исламистичко движење Хамас, во ноќните рации во втората палестинска енклава Западниот брег.

Весникот The Times of Israel пренесува дека Јусеф е уапсен во неговиот дом во Рамала, во една од рациите во кои се приведени вкупно 32 Палестинци.

Министертството за здравство во Појасот Газа објави дека во израелските напади во вторникот загинале двајца палестински милитанти. Израелската војска ги негираше наводите на палестинските медиуми дека ги нападнал дрон додека се возеле со мотоцикл во северниот дел од појасот.

Регионалните тензии започнаа минатата среда кога САД ја донесоа одлуката со којашто се потврдува признавањето на Ерусалим за израелска престолнина. Уличните протести стивнаа, меѓутоа палестинските организации го повикаа локалното население во петок повторно да излезе на улиците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.