Израелската војска приведе 80 Палестинци

Израелските сили за безбедност приведоа околу 80 Палестинци во рамки на потрагата по тројцата Израелци кои исчезнаа пред четири дена на Западниот Брег.
Војската соопшти дека решени се момчињата да ги вратат дома живи и здрави и дека терористите нема да може да се сокријат.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека една терористичка група ги киднапирала момчињата кои стопирале на патот од Витлеем кон Хеброн.