Израелски авиони бомбардирале 29 мети во Газа

Израелски борбени авиони синоќа нападнале 29 палестински мети во појасот Газа како одговор на ракетниот оган на југот на Израел, соопшти тамошната армија.

Палестински очевидци рекле дека се погодени бази на Хамас и военото крило на Исламски џихад, кој ги испукал ракетите.

Израел во меѓувреме ги затвори граничните премини со појасот Газа. Претходно повеќе од 30 ракети паднале во Израел, а некои погодиле и населени места, додека најмалку три ги пресретнал ракетниот штит „железна купола“.

Станува збор за најжестокиот ракетен напад од ноември 2012-та година, кога израелската војска осум дена го бомбардирала појасот Газа како одговор на засиленото ракетирање.