Израелски авиони го бомбардираа аеродромот крај Дамаск (ВИДЕО)

Силната експлозија којашто се случи во четвтокот утрото во близината на аеродромот крај сириската престолнина Дамаск навјеројатно е резултат на изралеско воздушно бобмадирање на складишта со гориво, оружје и муниција, соопшти телевизијата блиска на либанското шиитско движење Хезболах, коешто во Сирија се бори на страната на претседателот Башар ал-Асад.

Дописникот на телевизијата al-Manar известил дека во четвртокот рано утрото за силна детонација во складиштата со горива и еден склад во близина на меѓународниот аеродром кај Дамаск, и оти експлозијата е најверојатно резултат на напад на израелската авијација. Во извештајот се истакнува дека според првичните информации ударот предизвикал само материјална штета.

damaks eksplozija

Телевизијата не преецизираше дали складиштата му припаѓаат на Хезболах или на некоја друга групација којашто се бори на страната на сириската влада.

Подоцна агенцијата Reuters прецизираше дека се погодени складишта коишто му припаѓале на либанското шиитско движење, но изралеските вооружени сили одбиле да коментираат. Ниту сириските власти досега не ги коментираа експлозиите.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, пак, изјавил за Израелското воено радио дека „можам да потврдам оти тој инцидент во Сирија целосно е во согласност со израелската политика на дејствување да се спречи Иран со напредно оружје да го снабдува Хезболах. Секако нема ништо повеќе да кажам за овој инцидент“, пренесе AFP.

Портпаролот на изралеската војска одбила да коментира. Претходно и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седште во Лондон извести за „голема“ експлозија во близина на аеродромот во Дамаск која предизвикала пожар, но не ги наведе причините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.