Израелски авиони го бомбардираа појасот Газа

Израелски борбени авиони го бомбардираа појасот Газа, откако палестинските екстремисти во рок од два дена испукале две ракети во тоа подрачје.

Воениот портпарол рече дека се извршени терористички нападни на две места во централниот и јужниот појас на Газа и дека се потврдени директни погодоци, но не навлегуваше во детали.

Новата палестинска Влада ќе има 17 министерства, од кои пет ќе бидат од појасот Газа. Нив ќе ги предводи Рами Хамдала, досегашниот премиер на Западниот брег, кој истовремено ќе биде и министер за внатрешни работи.

Исламистичкиот Хамас и Палестинската ослободителска организација, во која доминира Фатах и која има поддршка од Западот потпишаа договор за мир на 23 април по седумгодишно ривалство.

Од почетокот на оваа година на Израелска територија паднале 150 ракети, но границата помеѓу Газа и Израел била релативно мирна во последните недели.