Израелски весник ги избриша жените од фотографиите на маршот

Германскиот канцелар Ангела Меркел чекореше до претседател на Франција, Франсоа Оланд на улиците на Париз на маршот на солидарноста, во знак на сеќавање на 17 жртви на минатонеделните терористички напади во Париз и целиот свет тоа јасно го виде, со исклучок на читателите на ултраортодоксниот весник „ХаМавасер“ во Израел.

Тој весник ја измени фотографијата од најголемиот марш во Париз во поновата историја и ја отстрани не само Меркел, туку и останатите жени, што го поттикна потсмевот на другите медиуми.

– Голем срам е кога западниот свет протестира против манифестацијата на верски екстремизам, нашите екстремисти успеваат да ја преземат работата, напиша Алисон Каплан Сомер во блогот, кој го објави израелскиот весник „Хаарец“.

Таа го критикуваше „ХаМавасер“ поради тоа што негира дека во светот надвор од заедницата на ултраортодоксните евреи жените стојат на светската сцена и влијаат на настаните.

Во медиумите на ултраортодоксните евреи се избегнуваат фотографии со жени или им се црта брада за да изгледаат како мажи.